САПУНИЦА И ЖИВОТОТ

5 0 0
                                    

Каде отидоа тие прекрасни времиња?

Порано беше убаво, се сеќавам како дете, во детските денови, во чаша со вода ставевме малку сјај и со цевче во устата дувавме во него, од чашата излегуваше сапуница. Така си играв со сапуница.

Еве уште еден пример, кога се капеме во бањата има сапуница, поголема или помала.

Додека се капеме времето ни поминува, со тоа ние созреваме, растеме со сапуниците кои нè водат низ животот, впрочем како некои камења потешки, големи, а неподносливи, ако се помали, тогаш се полесни и поподносливи, но таков е животот суров и реален.

За жал, сè е тоа каков-таков живот, во каков сме се нашле мора да се бориме и избориме до крај, нема застанување и предавање на борбата.

Впрочем, затоа нашиот живот е како сапуница откако ќе се родиме,додека сме живи и не отидеме во рајот цело време нè турка од една во друга сапуница.

Од неа може да се направи еден ден филм во неколку продолженија за нас, храбрите борци кои никогаш не се предаваме, иако сме се родиле како херои како такви и ќе починеме, бидејќи секоја сапуница која нè удира силно како шлаканица знае болно да нè удри да не можеме многу, многу време да се освестиме.

Додека излеземе од таа сапуница ни доаѓа нова која се надеваме дека ќе биде барем малку полесна и сè така се вртиме цел живот во круг со нашите сапуници на кои им нема крај.

Како да сме фрлени во некој лавиринт без крај, само се вртиме и вртиме во круг до бесконечност, ако постои и бесконечноста, ама не верувам дека постои.

Може да постои само кога ние ќе починеме, вака не верувам дека постои бесконечност.

Ах, мои сапуници, кој ве измислил?

Иако нив ги имало и ќе ги има додека сме живи, тие ќе бидат, за жал, наш составен дел од животот, сакале или не да го признаеме тоа.

Создадени за човекот да се мачи, иако не се за секого исти, за некого се леснотија, како песна проаѓа низ нив, за друг тешкотија и секогаш треба да пројде со мака, ако треба и капка крв да падне.

Не се сите прсти на човекот исти, како што не може и секоја сапуница да биде за секој човек иста и со исто мерило.

Тоа е, нема правда, што вели Калимеро, во право бил, сигурно џабе не го кажал тоа!

You've reached the end of published parts.

⏰ Last updated: Jun 26, 2019 ⏰

Add this story to your Library to get notified about new parts!

САПУНИЦА И ЖИВОТОТWhere stories live. Discover now