***

127 2 0
                                    

Ветерот е гласен оваа вечер. Ги строи снегулките како војска по крошните и улиците, спремни да го нападнат утрото. Божествена глетка, вистински ловец на насмевки. И додека ветерот напорно работи, снегулките ги играат своите игри во воздухот, мислиш гледајќи ги ќе слушнеш и детски џагор. Во таков студ оваа слика ја грее душата во сите нас, слика која со нетрпение ја чекаме. А сепак, некои од нас нема да ја доживееме оваа убавина. Ја гледаме, а се што чувствуваме е студот. Нема да долови насмевка, нема да ни ја загрее душата, зошто таа е празна, искината, свијана во сивило и темнина. Расечена и искината како стари партали од срчените парчиња скршено срце, не останува ништо друго освен да плаче и вреска заробена помеѓу четирите ѕида тело кое глуми дека се е во ред. Само очите се грчат заедно со болката во душата, признаваќи ја вистината само кај оние кои се потрудиле да ѕирнат доволно длабоко во нив. Болка, дарба од вистината нанесена несакајќи на нас.

Турам чаша вино, ја накревам и веќе ја турам втората. Не, ја турам првата, таа другата не се број. Потреба.

Снегулките во меѓу време пораснале и јас веќе можам да го видам твојот лик во секоја од нив. Супер моќ на мојата тага, да ја убие надежта. Те нема покрај мене, а толку ми требаш. Си ветив дека нема да те барам повеќе, но искушението од твојата убавина блескаво заледена во малите кристали е огромна. Бегам од телефонот како од плашило кое може да ме касне, само да не го завртам твојот бројот, повик кој знам ќе остане без одговор. Се тешам со 24-часовните приказни на инстаграм каде ти посветувам некој дел од песна или пак дел од овој текст. Знам дека се пронаоѓаш и тоа ми дава надеж дека телефонот ќе заѕвони и на екранот ќе го видам својот божиќен подарок, името кое толку долго го очекувам.

Снегот уште толку се разиграл. И сега во овој момент ми текнува- ти никогаш не си танцувала на снег или пак дожд. Самата ми кажа. О, љубов, па ти не знаеш што пропушташ. Посакувам да ја побарам твојата рака сега за еден танц. Опкружени со снегот околу нас, заедно, како времето да запрело, а секоја снегулка ќе се претвори во ѕвезда во пад. Јас и ти, сами во светот. Отпивам голема голтка од виното и замижувам. Момент исполнет со толку многу чувства што розите би расцветале само за нас, жарот би пламнал во оган, а сонцето би ги пробило сите облаци само да не види нас во тие моменти. Ги отворам очите, а ти не си тука. Каму да ги видев тие чоколадни дијаманти кои како стрела пробиваат низ мене. Ранет и маѓепсан да не можам да го тргнам погледот од тебе. А ти не си тука. Ми недостигаш.

Загледан во една точка од собата ги оставам мислите да те бараат. Знам каде си, знам каде можам да те најдам, а сепак еве ме затуткан, врзан со синџирите на инаетот, чекам ти да ме најдеш. Ти оставив доволно знаци и предзнаци да можеш да ме пронајдеш, а уште повеќе симптоми на љубов за да ти дадам и причина. Ќе оставам уште многу, можеби залудно, но барем ќе знам дека не сум се откажал од значењето на животот, односно од тебе.

Зошто толку многу ми значиш. Ме освои без да се обидеш. А сега те молам, обиди се, земиме за твој заштитник, дозволи ми да го дадам мојот живот за тебе, да го посветам сето време држејќи ја твојата рака. Доста сам ја пијам тагата од чаша, дозволими да те бакнувам после секоја голтка додека пред нас светкаво трепери пламен од каминот. И потоа нежно наклонија главата на моето рамо додека јас нежно ти ја милувам косата. Бајка.

А сега пак назад во реалноста. Надвор студи, но не осеќам зошто студот од внатре е многу пострашен. Ме треси, а јас се грејам на мало жарче надеж. Пуштам уште една песна, знам дека ќе се пронајдеш. Жарчето повторно засветкува а јас замижувам и оставам твојата слика да ме води низ мислите.

Зимска празнинаWhere stories live. Discover now